Top Sport

Вардар по драмата во Загреб влезе на Ф4 на Сеха лигата

Вардар загуби на гости кај ППД Загреб со 25:22, но сепак, поради предноста од првиот меч од четири гола (24:20), успеа да влезе на Фајнал фор турнирот на регионалната СЕХА лигата, продолжувајќи ја доминацијата во натпреварувањето.

Со ова, „црвено-црните“ остануваат единствениот клуб во историјата на натпреварувањето, кој не пропуштил фајнал фор турнир. За победата се покажаа клучни последните минути од првиот меч во Скопје, кога Вардар успеа да ја направи предноста од 4 гола, бидејќи и покрај одличната игра и водството од два гола разлика во второто полувреме, во финишот на мечот, „плинарите“ успеаја да стигнат до опасна предност од 3 гола.

Тимур Дибиров со пет гола и Жереми Тото со четири гола беа најефикасни во тимот на Веселин Вујовиќ, додека кај Загреб, Обрадовиќ, Мандиќ и Лејметер имаа по 4 гола. На Ф4 во Задар, Вардар во полуфиналето игра со Мотор Запорожје, додека во второто полуфинале унгарскиот Веспрем го пречекува Мешков Брест.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top