Top Sport

Бен Симонс побарал трејд

Бен Симонс го известил менаџментот на Филаделфија Севентисиксерс дека сака да го напушти клубот. Локалните медиуми од Филадлефија, објавија, дека Симонс на состанокот порачал дека повеќе не сака да игра за Севентисиксерс.

Австралиецот доживеа многу критики во јавноста по елиминацијата на Филалдлефија од Атланта Хокс, во втората плеј-оф рунда, во Источната конференција.

Тренерот Док Риверс не застана во негова одбрана, додека соиграчот Џоел Ембид го обвини за поразот во шестиот меч од серијата.

Севентисиксерси очекуваат Симонс да се појави на подготовките на 28.септември, меѓутоа кошаркарот има поинакви планови.

Scroll to Top