Top Sport

Porsche Road Tour 2021: Возачка авантура со сите модели на Porsche низ Македонија

Изминатиот викенд под организација на Порше Македонија, се одржа престижната возна тура низ државата – Porsche Road Tour 2021.

Составена од сите модели во понудата на Porsche, турата оваа година започна во Porsche центарот во Скопје и се упати кон Гевгелија, со попатни застанувања за промени на возачи до крајната дестинација која оваа година беше хотел и казино Фламинго. Групата беше составена од двајца сертифицирани инструктори од Porsche и организаторите од Порше Македонија.

Турата сочинета од 12 спортски возила беше составена од супер-спортските 911 Turbo S, 911 4S, Cayman S, Boxter S, Macan Turbo, целосно електричнитеTaycan Turbo S и Taycan 4S, хибридите Panamera 4SE-hybrid, Panamera Turbo S E-hybrid, и големите спортски SUV – Cayenne Coupѐ GTS, Cayenne Coupѐ Turbo и Cayenne GTS.

Во период од 4 дена, гостите имаа исклучителна можност да ги почувствуваат вистинските перформанси на сите модели од понудата на Porsche. Во оваа уникатна прилика, 60-те учесници заедно со претставниците на автомобилските и забавните медиуми беа воодушевени од спортските перформанси, луксузот и комфорот на секојдневната употребливост на возилата од германскиот производител.

Супер ѕвезди на Porsche Road Tour 2021 беа новите целосно електрични модели на Porsche Taycan, во варијантите 4S и Turbo S, кои ги импресионираа возачите со електричните перформанси, начинот на возење и досег на батеријата.

Оваа година, еден од деновите беше целосно посветен на дамите кои секако ја заслужуваат можноста да ги истакнат своите високи способности во возењето на спортските автомобили на Porsche.

Импресиите од четиридневниот настан во беспрекорна организација јасно го прикажува задоволствотона возењето кое го нудат возилата на Porsche. Импресиите особено беа докажани кај новиот електричен Taycan, кој со попатно дополнување на електрична енергија на станиците за полнење Porsche Destination Charging, ја демонстрираше секојдневната употребливост и можноста да се поминат многу километри без компромиси.

 

Scroll to Top