Top Sport

Четврто реми во четвртиот меч на Украина – кикс кај Казахстан

Ниту со нов селектор, фудбалската селекција на Украина не успеа да дојде до првата победа во четвртиот меч од квалификациите за СП 2022 година во Катар.

Избраниците на Олександр Петраков (новиот кормилар на Украина кој дојде на местото на Алексеј Шевченко) одиграа само 2-2 на гостувањето кај Казахстан во рамки на групата Д. Ова е четвртото реми во исто толку дуели на Украинците во овие квалификации.

Со голот на Јеремчук уште во 2. минута фаворитот на мечот дојде во водство.

Домаќините израмнија во 74 минута, стрелец за 1-1 беше Валиулин.

Сепак, Украинците беа само на чекор до трите бода кога нововлезениот Сикан постигна втор погодок за својата селекција во 93 минута.

Сепак, двата бода од контото на Украина ги откина Валиулин со својот втор погодок на мечот во 96 минута од мечот.
Украина сега е второпласирана на табелата со 4 бода пред лидерот на табелата Франција со 7 бода од три средби.

Казахстан, пак, одигра второ реми во третиот натпревар.

Scroll to Top