Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Артим Шаќири (48) ќе биде новиот кормилар на швајцарски Шафхаузен, објавија од клубот на својот официјален сајт.
Шаќири ќе го заземе местото на екс-швајцарскиот репрезентативец, Мурат Јакин, а Шафхаузен ќе биде петтиот клуб во неговата тренерска кариера. Тој претходно беше предводник на тетовска Шкендија, на албанските екипи Кукс и Фљамуртари, но и на тимот на Пемброк од Малта.
„Му посакуваме топло добредојде на Артим во Шафхаузен и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом“ стои во соопштението од клубот.
Шафхаузен се наоѓа на седмата позиција на табелата со 6 освоени бода по 5 натпревари. Утре Шафхаузен го очекува дуел со тимот на Лозана.