Баерн Минхен објави дека потпиша договор со младинскиот шведски репрезентативец Алекс Тимоси Андерсон од тимот на Хелсингборг.
16-годишниот играч од средниот ред, во февруари беше на тест во Манчестер јунајтед, но сега од јули 2019 година ќе настапува во баварскиот гигант. Несреќата на Хелсинборг да испадне во втората шведска лига даде шанса младиот играч да добие искуство во првиот тим и тој имаше два гола во 16 настапи во завршената сезона.
„Алекс Тимоси Андерсон е талентиран играч и веруваме дека може да оди далеку со нашиот тим. Додека не дојде во Баерн, тој ќе си гради искуство во својот тим“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.