Top Sport

Публиката му беше поголем проблем од Грикспор – Ѓоковиќ експресно до третото коло

Новак Ѓоковиќ рутински се пласираше во третото коло на Ју-ес опен. Првиот носител со 6/2, 6/3, 6/2 го победи Холанѓанецот, Талон Грикспор.

Најголемиот противник во второто коло на Ѓоковиќ му беше публиката. Еден навивач успеа дополнително да го изнервира.

„Кога некој сака тимски спортови, какви се фудбалот и кошарката, за ова што го направив ќе каже дека сум разгалено детиште. Но овие луѓе разговараат додека играме. Ова е поинаков спорт. Има многу врева на натпреварите во вечерниот термин, мене тоа не ми пречи. Некогаш луѓето ќе испуштат некаков звук, крик, врисок. Тое е во ред. Но кога некој со намера тоа го прави во текот на целиот меч, тогаш за такво однесување не смее да има толеранција. Тоа не е добро за играчите. Еден човек вечерва намерно викна, во момент кога се подготвував да го решам поенот. Тоа беше важен поен. Истото го правеше и пред и тој поен и продолжи“, вели Ѓоковиќ и продолжува.

„То не е добро. Буката не ми пречи, не сакам погрешно да ме разберете. Добро е тоа што е тука публиката, што има музика. Тоа е добро за целата забава. Но кога некој тоа го прави со намера, тоа значи дека тој само поради тоа е тука. Поради тоа покажав на него. Тој знае што правеше“.

Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Кеи Нишикори. Против Јапонецот има 17 победи во истот толку дуели.

Scroll to Top