Top Sport

„Меси ќе ја освои ЛШ со ПСЖ, па ќе се врати во Барселона да се пензионира“

Поранешниот репрезентативец на Аргетнина, Хуан Роман Рикелме, смета дека Лионел Меси кариерата ќе ја заврши во Барселона.

Меси, пред три недели, ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ како слободен играч. Лошата финансиска ситуација во клубот, не и дозволи на Барселона да потпише нов договор со својата легенда.

ПСЖ го донесоа Меси со јасна намера, со него и со Нејмар и Мбапе да ја нападнат титулата во Лигата на шампионите.

„Се надевам дека Меси ќе ужива во Париз. Не знам дали е ова чудно, но сите сме возбудени кога гледаме на теренот заедно со Нејмар и Мбапе. Ако сега ПСЖ не ја освојат Лигата на шампиони, никогаш нема да ја освојат“, порачал потпретседателот на Бока јуниорс.

Рикелме, кој дел од кариерата мина во Барселона, нема дилема околу тоа каде Меси ќе ја заврши кариерата.

„Сигурен сум дека Меси ќе се пензионира во Барселона. Мислам дека ќе ја освои Лигата на шампиони со ПСЖ, а потоа ќе се врати во Барселона да ја заврши кариерата“.

Scroll to Top