Top Sport

Драгиќ и Дончиќ ќе ги здружат силите во Далас

Ветеранот Гроан Драгиќ ќе му се приклучи на сонародникот Лука Дончиќ во Далас Маверикс. Овие двајца, во 2017 година, беа најзаслужи за европската титула која ја освои Словенија.

Мајами Хит по завршувањето на сезоната го испрати Драгиќ во Торонто Репторс. Словенецот ја прифати одлуката, но веднаш кажа дека не сака да биде дел од франшизата од Торонто.

Иако Драгиќ се извини за изјвата дека нема желба да игра за Торонто, челнците на франшизата веднаш покажа дека нема намера да го задржи Словенецот.

Драгиќ ќе се пресели кај сонародникот во Далас.

Горан Драгиќ има полни 35 години, во НБА лигата играл за Финикс, Хјустон и Мајами. Во 2014 година беше избран во третата најдобра петорка во лигата и беше прогласен за играч кој најмногу напредувал.

Во 2018 година беше учесник на Ол стар натпреварот.

Scroll to Top