Англискиот селектор, Герет Саутгејт го објави списокот на 23-те фудбалери кои ќе настапат на Мундијалот во Русија, и изненадувачки на него го нема Адам Лалана од Ливерпул, иако неговиот млад колега, 19-годишниот Трент Александер-Арнолд е во тимот.
Гери Кејхил се враќа во одбраната, а голманот Џо Харт не е на списокот, нешто што се очекуваше, така што Кејхил сега е најискусниот фудбалер со 58 настапи.
Лалана заедно со голманот Том Хитон, Луис Кук, Џејмс Ливермор и Џејмс Тарковски е на „резервната“ листа на играчи кои би биле повикани ако некој од составот се повлече.
„Првото повикување аз Трент Александер-Арнолд е заслужено. Кога ги избираме младите фудбалери не го правиме тоа само бидејќи се млади, туку бидејќи го заслужуваат тоа“, изјави Саутгејт.
Англија е во групата со Тунис, Панама и Белгија во Русија.
АНГЛИЈА, СП РУСИЈА 2018
Голмани: Џек Батленд, Џордан Пикфорд, Ник Поуп.
Одбрана: Трент Александер-Арнолд, Гери Кејхил, Фабијан Делф, Фил Џонс, Хери Мегвајр, Дени Роуз, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер, Ешли Јанг.
Среден ред: Деле Али, Ерик Даер, Џордан Хендерсон, Џеси Лингард, Рубен Лофтус-Чик.
Напад: Хери Кејн, Маркус Рашфорд, Рахим Стерлинг, Џејми Варди, Дени Велбек.
Фото: ЕПА