Јанис Адетокумбо потврди дека ќе игра за Грција на Европското првенство. Еден од најдобрите играчи во светот, МВП на финалната серија, по која Милвоки Бакс станаа НБА шампиони, на Твитер налогот на ФИБА, објавил дека за точно една година ќе се одржи континенталниот шампионат.
На објавата се наоѓа сликата на Јанис, а до неа и фотографиите на Богдан Богдановиќ, Лука Дончиќ и Руди Гобер.
Адетокумбо поради повреда на коленото го пропушти последното ЕП, но играше на Светското првенство во Кина.
Taking it day by day. But I can’t wait ????? https://t.co/I08HlPUAuM
— Giannis Ugo Antetokounmpo (@Giannis_An34) September 3, 2021