Левиот бек на германската репрезентација Робин Госенс ќе ги пропушти преостанатите два натпревари во септемвриските квалификации. Госенс, синоќа, против Лихтенштајн го повреди скочниот зглоб.
Германија победи 2:0 и се искачи на второто место во групата, пред Македонија.
Левиот бек на Германија нема да игра против Ерменија и Исланд.
Септемвриските натпревари ги пропушта Томас Милер. Искусниот играч на Баерн, пред мечот со Лихтенштајн го напушти репрезентативниот тренинг-камп.