Мохамед Салах бил подготвен да го напушти Ливерпул доколку клубот не ги исполни неговите финансиски барања, тврди „Мирор“. Египќанецот има договор со Ливерпул до јуни 2023 година.
Според овој извор, Салах, за продолжување на договорот барал неделна плата од 500.000 фунти. На годишно ниво тоа се 26 милиони фунти. Со актуелниот договор платата на Салах изнесува 200.000 фунти неделно.
Новиот договор на Салах ќе биде приоритет за челниците на Ливерпул, откако претходно верноста кон клубот ја продолжија Енди Робертсон, Вирџил ван Дајк, голманот Алисон и капитенот Џордан Хендерсон.
Салах има одиграно 206 натпревари за Ливерпул, постигнал 127 голови.