Top Sport

Гризман во Атлетико прифатил дупло помала плата

Антоан Гризман, во последните минути од преодниот рок се врати во Атлетико Мадрид. Францускиот репрезентативец замина од „Ванда Метрополитано“, во Барселона во 2019 година, за 120 милиони евра. Две години подоцна се врати како позајмен играч, Атлетико ќе мора да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната за 40 милиони евра.

Навивачите на Атлетико, особено оние најрадикалните, не го прифатија добро заминувањето на гризман во Барселона. Многумина се прашуваат како францускиот ас ќе биде пречекан на „Ванда Метрополитано“.

На оваа тема, гостувајќи во емисија на радиото „Кадена“, говорел претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.

„Јасное дека Гризман од кај нас замина во едени чудни околности, но колку го сака Атлетико покажа со тоа што се согласи платата да му биде драстично намалена. Знам дека на дел од навивачите не се согласуваат што повторно е со нас, но голе број се воодушевени што тој е повторно со нас. На крајот најважно е како ќе биде прифатен од тимот и како тој ќе се вклопи“, рекол Серезо.

Првиот човек на Атлетико открил дека Гризман прифатил да игра за годишна плата од нешто повеќе од 10 милиони евра. Во Барселона годишно заработуваше 21 милиони евра.

Гризман сега е играчот со најголема плата во Атлетико, 10 милиони евра годишно заработуваат капитенот Коке, односно Луис Суарез и голманот Јан Облак.

Scroll to Top