Францускиот ветеран Франк Рибери ќе го комплетира враќањето во Серија А, откако утре ќе пристигне на медицински тестови во Салернитана, пред да потпише договор со новиот прволигаш, тврди „Скај спорт Италија“.
38-годишниот Рибери последните две сезони ги помина во Фиорентина, и според италијанските медиуми утре наутро ќе пристигне во Салерно за да ги комплетира медицинските тестови, откако се договориле со неговиот агент.
Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен ќе потпише едногодишен договор со можност за уште една сезона доколку клубот остане во Серија А.
Ribery alla Salernitana: domani l'arrivo in città per visite mediche e firma#SkySport #Ribery #Salernitana #SkyCalciomercato https://t.co/fRNTPiKHpo
— skysport (@SkySport) September 5, 2021