Top Sport

Турците без милост – Македонија со трет пораз на ЕП

Надежите дека Турција ќе биде шансата на македонската одбојкарска репрезентација да ја забележи првата победа на Европското првенство во Финска, беа урнати откако доживеавме тежок 3:0 (25:22, 25:12, 25:15) пораз.

Откако го загубивме израмнетиот прв сет, во кој дојдовме на 22:23, потоа следуваше рутинска победа на турската репрезентација, која се покажа пресилна за „Спартанците“.

Следен меч за Македонија е утрешниот дуел со Шпанците, каде што ќе се обидеме да го поправиме впечатокот и да избегнеме последно место во групата.

Фото: ОФМ

Scroll to Top