Европските шампиони Италија втор меч едноподруго не успеаја да победат, одигрувајќи 0:0 на гости кај Швајцарија, но поставија нов рекорд од 36 меча во низа без пораз, откако најдобриот фудбалер според ФИФА, Жоржињо имаше аматерска утка на пенал во Базел.
По 1:1 домашното реми со Бугарија, „аѕурите“ на „Сент Јакобс“ имаа совршена шанса за победа во 53. минута, кога беше досуден пенал. Жоргињо, кој досега имаше постигнато пет гола од пет пенали за Италија во регуларното време, имаше слаб удар кој заврши во рацете на Јан Зомер.
Италија, која во претходниот меч го израмни европскиот рекорд од 35 меча на Шпанија од 2007 до 2009, сега е израмнета со славната генерација на Бразил, која од 1993 до 1996 година немаше пораз на идентични 36 меча.
Во нашата група Ј, Германија на Ханси Флик покажа „заби“ против Ерменија, совладувајќи го тимот кој пред неколку дена во Скопје не заддржа на 0:0 со високи 6:0. Серж Гнабри во првите 15 минути даде два гола, а потоа во листата на стрелците се запишаа и Ројс, Вернер, Хофман и Адејеми. Романија, исто така, очекувано со 2:0 го совлада тимот на Лихтенштајн.
Ромелу Лукаку, во 100. меч во белгискиот дрес го постигна својот 67. гол за да помогне „ѓаволите“ да стигнат до 3:0 победа над Чешка, додека Шпанците се рехабилитираа по поразот од Шведска со 4:0 победа над Грузија.
КАТАР 2022, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Косово – Грција 1:1
Шпанија – Грузија 4:0
ГРУПА Ц
Швајцарија – Италија 0:0
ГРУПА Е
Белгија – Чешка 3:0
ГРУПА И
Сан Марино – Полска 1:7
ГРУПА Ј
Германија – Ерменија 6:0
Романија – Лихтенштајн 2:0
ШВАЈЦАРИЈА – ИТАЛИЈА
ГЕРМАНИЈА – ЕРМЕНИЈА
БЕЛГИЈА – ЧЕШКА
РОМАНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН
ШПАНИЈА – ГРУЗИЈА