Дефанзивецот на Севилја, Клемон Ленгле, ги договорил сите услови за трансфер во редовите на шпанскиот шампион Барселона, пренесе „Мундо депортиво“.
Ленгле ќе потпише петгодишен договор, а Барселона на Севилја за трансферот ќе и плати 35 милиони евра. Минатат година Ленгле во Севилја пристигна од Нанси за само пет милиони евра.
22-годишниот фудбалер треба да ги реши проблемите во дефанзивата и да ја засили конкуренцијата во оваа линија на тимот.
Треба да се очекува наредната сезона ленгле за место во тимот да се бори со Џерад Пике и Самјуел Умтити, ветеранот Томас Вермален би бил само четвртата опција во дефанзивата, додека Колумбиецот Хери Мина ќе биде испратен на позајмица.