Top Sport

Чеферин контра планот за Мундијали на две години, Суперлигата е група на шарлатани

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин повторно го искажа своето спротиставување на контроверзниот план за организација на Светските првенства на две наместо на четири години, посочувајќи дека реткото оддржување на Мундијалот го прави толку атрактивен.

ФИФА веќе подготвува физибилити-студија за организирање на Светски првенства на две години по барање на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, која во мај доби поддршка од 166 национални асоцијации. Планот веќе ја доби поддршката и од Арсен Венгер, директорот за развој на фудбал на ФИФА.

Чеферин при обраќањето на годишното собрание на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) го повтори својот стал.

„Сметаме дека круната на Светското првенство има вредност токму поради реткоста. Ако се оддржува секои две години ќе има помал легитимитет и ќе биде ‘разводнет’ Мундијал. Има простор за националните тимови и за клубовите. Фудбалерите нема да мора да го гледаат летото како напор за натпреварувања наместо да го искористат на опуштање и рехабилитација“, вели Чеферин.

Со него се согласува и новиот претседател на ЕЦА, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи кој побара „искрена дискусија“ а не еднострани одлуки.

Чеферин исто така не пропушти да ги нападне преостанатите три клуба од проектот на Суперлигата, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид.

„Ништо не беше нормално последните години, но сакаме да се вратиме во нормала. Затоа мораме да застанеме на пат на шарлатаните од Суперлигата, да се надевам дека тоа беше само лоша епизода“, изјави Чеферин.

Scroll to Top