Пјер Гасли и Јуки Цунода и наредната сезона ќе возат за тимот на Алфа Таури.
Гасли од почетокот на кариерата, со исклулок на 2019 година кога беше во Ред Бул, вози за Алфа Таури, тим кој во минатото го носшее името Скудерија Торо Росо.
Во неделата на Големата награда на Холандија го имаше својот 77 старт во Формула 1. Во кариерата има победа на една трка, лани триумфираше на Големата награда на Италија.
Јапонецот Цунода е дебитант во Формула 1. Во Алфа Таури се задоволни од она што го покажува во својата прва сезона, поради што му понудиле нов договор.
Сезонава, Гасли и Цунода, имаат освоено 84 поени за Алфа Таури. Гасли со 66 поени е осми во генералниот пласман, додека Цунода е на 13.,есто со 18 осовени бодови.