Top Sport

Фенербахче подготвуваат тужба за сајтот „Трансфермаркт“ за манипулација!

„Трансфермаркт“ е германски веб-сајт, кој е екстремно популарен поради своите информации за фудбалерите и клубовите од целиот свет, како и со проценката на вредноста на секој индивидуален фудбалер во однос на неговите години, перформанси и други фактори. На турскиот клуб Фенербахче ова не му се допаѓа и реши да го тужи веб-сајтот.

Според турските медиуми, Фенер сметаат дека „Трансфермаркт“ негативно манипулираат со вредноста на нивните фудбалери.

Според веб-сајтот, најскапиот фудбалер на Фенербахче е крилото Диого Роси (на позајмица од Лос Анџелес ФЦ) со 18 милиони евра, пред голманот Алтај Бајиндир со 14 милиони евра. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал, Месут Озил вреди само 4 милиони евра, нешто што ја разбесни управата на тимот.

Фановите на Фенер тврдат дека администратори на турскиот дел на „Трансфермарк“ се навивачи на Трабзонспор и затоа доаѓа ова „потценување“ на клубот.

„Трансфермаркт“ не ги нервираат само Фенер, во минатото Кристијано Роналдо беше толку вознемирен од проценката што ги блокираше на Инстаграм. Во тој момент, Роналдо имаше 21 гол во 21 меч во Серија А, вклучувајќи 11 меча во низа, и доби проценка од 67.5 милиони фунти, пониска од 88-те милиони кои Јувентус ги платија да го добијат во 2018, што значеше дека е само 37. на листата.

Scroll to Top