Францускиот вундеркинд, Едуард Камавинга, пристигна во Реал Мадрид. Флорентино Перез, за трансферот на 18-годишниот фудбалер, на Рен му плати 31.000.000 евра. Луѓето од Реал сметаат дека Камавинга ќе биде достоен наследник на Лука Модриќ, кој ја игра својата последна сезона во клубот.
Последниот ден од преодниот рок, Реал, успеа да го донесе Камавинга. Играчот потпиша договор со „кралскиот клуб“, до јуни 2026 година.
Камавинга, по репрезентативната пауза, во која настапуваше за У-21 репрезентацијата на Франција (постигна гол против Македонија), му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти.
Откако го одработи првиот тренинг со новите соиграчи, Реал официјално го претстави Камавинга. Сезонава во Реал на грбот ќе го носи бројот 25, кој до оваа сезона му припаѓаше на Бразилецот Родриго.
? Welcome to the team @Camavinga! ?#WelcomeCamavinga pic.twitter.com/jvEAtq1SvB
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) September 8, 2021