Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кој ќе се обиде на Реал Мадрид да им донесе трета титула во низа во Лигата на шампионите, сака неговито клуб да ја плати даночната казна во Шпанија за да остане во клубот.
Роналдо, петкратен освојувач на „Златната топка“ како најдобар фудбалер на светот, подолго време е во конфликт со шпанските даночници околу сомнежите дека избегнувал да плати данок на огромни приходи.
Според шпанските медиуми, Реал уште не се согласиле со ова, но планираат да имаат нов договор со ѕвездата пред стартот на Мундијалот во Русија. 33-годишниот Роналдо има 43 гола во 42 настапи за Реал оваа сезона.
Тој е еден од низата фудбалери и менаџери кои работеле во Шпанија (Лионел Меси, Нејмар, Жозе Мурињо) кои избегнувале данок преку офшор компании и кои делумно ги „средија“ сметките со шпанската држава.
Фото: ЕПА