Top Sport

Фабрегас: Венгер ме третираше како син, но јас го сакам Мурињо!

Цеск Фабрегас сака да го победи Жозе Мурињо кога неговиот Челси ќе се судри со Манчестер јунајтед во ФА куп финалето, но признава дека Португалецот е менаџер со кој најдобро се согласувал во својата кариера.

Фабрегас има освоено 11 големи титули со клубовите и со Шпанија, но само еден ФА куп од времето кога играше за Арсенал и со победа во недела ќе значи дека ги освоил сите домашни титули со Челси.

Мурињо беше менаџерот кој го врати Фабрегас во Англија во 2014 година, кога го комплетираше трансферот од 36 милиони долари од Барселона. Фабрегас јасно кажува дека го „сака“ шефот на Јунајтед и покрај шпекулациите дека додека беа заедно имаше конфликти.

„Последните две години игравме многу натпревари против Јунајтед, а тој секогаш го имаше сменето системот. Сигурен сум дека ќе најде нешто за во сабота. Го сакам. Тоа сум го кажувал секогаш. Му должам многу бидејќи ме донесе тука и секогаш ќе се сеќавам на тоа. Во првата сезона во Арсенал, Арсен Венгер ме третираше како син, но најблизок сум бил со Жозе. Начинот на кој тој се однесуваше кон мене, како ме тераше да се чувствувам, да бидам лидер од првиот ден. Играв за Арсенал против него во Челси, и за Барселона против него во Реал, така што дуелите не се ништо ново меѓу нас“, вели Фабрегас.

Саботното финале на „Вембли“ е последна шанса за Челси и за Јунајтед да освојат титула оваа година, откако „Сините“ исто така не се квалификуваа за ЛШ, додека Јунајтед беа втори.

Фото: ЕПА

Scroll to Top