Top Sport

Лига 1 жестоко ја казни Ница

Дисциплинската комисија на француската Лига 1 жестоко ја казни Ница за прекинатиот натпревар со Олимпик Марсеј. Натпреварот кој се играше на 22.август не го доживеа својот крај, беше прекина во 75.минута, кога домашните навивачи влетаа во теренот со намера да се пресметаат со гостинските фудбалери.

Ница остана без два бода и наредните три натпревари ќе ги одигра без публика. Дуелот со Олимпик Марсеј ќе се одигра повторно, овој пат без присуство на навивачи.

Казни им се поделени и во спротивниот табор. До крајот на сезоната суспензија доби физиотарапевтот на Олимпик Марсеј, Пабло Фернандез. Камерите го снимиле како на домашните навивачи им дели шамари и тупаници.

Два натпревари суспензија добија фудбалерите на Олимпик Марсеј, Димитир Паје и Алваро Гонзалес.

Scroll to Top