Top Sport

ПСЖ ја одредиле цената за Икарди

Мауро Икарди ќе го напушти ПСЖ, прашање е само дали тоа ќе се случи за три и пол месеци, кога ќе започне зимскиот преоден рок или ќе почека до наредното лето.

Аргентинецот, нема шанси да се избори за место во првиот тим, во конкуренција на Нејмар, Мбапе и Меси.

Француските медиуми тврдат дека ПСЖ ја одредиле сумата за која Икарди може да замине од Париз.

Извесно е дека Икарди ќе се врати во Италија. Најчесто се поврзува со Јувентус, а интерес за него покажуваат и Рома односно Наполи. ПСЖ за напаѓачот бара 35 милиони евра.

Scroll to Top