Top Sport

ПСЖ му одговорија на Тебас: Гледајте во својот двор, два клуба ви ја растураат Ла Лига

Челниците на ПСЖ, одговорија на критиките кои на нивна адреса ги испрати првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас.

Тебас, пред неколку дена, изјави дека ПСЖ претставува поголема опасност за фудбалот од Супер лигата. Исто така, тој ги критикуваше Лионел Меси и Серхио Рамос, кои од оваа сезона Ла Лига ја заменија со француската Лига 1, односно се преселија во ПСЖ.

„Си дозволувата да ја нападнете француската лига, нашиот клуб и нашите фудбалери. Непрекинато давате навредливи изјави во кои инсинуирате дека ПСЖ на работи според правилата. Француската лига, за разлика од вашата, не ги чекаше последните години за да преземе мерки и да воспостави силни финансиски правила. Познато е дека некои шпански клубови и вашата лига се соочуваат со сериозни долгови, а не сакаме да потсетуваме колку државата го финансираше вашиот фудбал во изминатите години“, напишал генералниот секретар на ПСЖ, Викторијано Мелеро, дополнувајќи дека Тебас нема право да ги напаѓа играчите, само поради тоа што решиле да ја напушта Ла Лига.

„Вашите коментари за возраста на овие играчи, не претставуваат навреда за нивната улога во минатото и сегашноста, туку претставува и навреда за милиони навивачи во светот ко ги обожуваат. Изненаден сум што не сте насочени кон два клуба од вашата лига, кои се фокусирани да ја растурат вашата лига и европскиот фудбал. Насочете се кон решавањето на вашите отворени прашања, за кое сте вие одговорни“.

Scroll to Top