Кошаркарот на Будуќност од Подгорица, 28-годишниот репрезентативец на Црна Гора Данило Николиќ се бори за живот откако денеска колабирал при тренинг на својот клуб.
Засега не е познато што е причината за колапсот, но наскоро ќе има повеќе податоци за неговата здравствена состојба. Докторите, според информациите, се борат за неговиот живот.
Николиќ минатите сезони е еден од клучните играчи во клубот од Подгорица каде стигна пред 4 години од редовите на шпнски Билбао.
Со Будуќност ја освои титулата во АБА лигата, а имаше една од главните улоги и во Евролигата.
Во кариерата има настапувано и за Мега, односно тимот на Ловќен.