Енис Барди, со повреда се вратил во својот клуб Леванте. Барди, настапи на сите три натпревари за Мкедонија, во септемвриските квалификации за пласман на СП во Катар.
Фудбалерот на Леванте, се повредил, во средата, против Романија. Во вториот дел тој се пожали на болка во бутниот мускул, но остана на теренот речиси до крајот на натпреварот. Во последните неколку минути на теренот, на местото на Барди, влесе Стефан Ашковски.
Откако ќе се врати во Валенсија, лекарскиот тим на Леванте, ќе изврши дополнителни прегледи, по што ќе биде познато али и колку време ќе отсуствува македонскиот репрезентативец.