Ловро Звонарек потпиша договор со Баерн Минхен. Звонарек е првиот играч кој од хрватското првенство направи трансфер во славниот клуб. Славен Белупо од трансферот на 16-годишниот напаѓач, фиксно заработи два милиони евра. Доколку бидат исполнети сите клаузули во договорот сумата може да нарасне до пет милиони евра.
Ловро Звонарек е најмладиот стрелец во историјата на Првата хрватска лига. Баерн долго го следеле талентираниот напаѓач. Пред неколку месеци клубот од Коривница одбил 750.000 евра.
Сумата која Баерн ја исплати е клупски рекорд кога станува збор за фудбалер помлад од 18 години.