Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус сезоната во Серија А ја отвори со натпревари против Удинезе, Емполи и Наполи и за тие 270 минути игра, избраниците на тренерот Масимилијано Алегри освоија само 1 бод, од гостувањето во Удине (2-2).
Во Торино „Старата дама“ сензационално беше поразена од Емполи (1-0), а синоќа „бјанконерите“ иако водеа со 1-0, загубија со 2-1 на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол.
Ова е историски најлошиот резултат по првите три кола за торинскиот клуб.
Во последните 52 сезони, само еднаш, во сезоната 2015/2016 Јувентус немал победа по првите три кола. Сега тој неславен резултат го повторија и затоа моментно се на 14-тата позиција на табелата во Серија А.