Француската фудбалска легенда и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини тврди дека ждрепката на Светското првенство во Франција во 2018 било наместено да играат Франција и Бразил во финалето.
Платини беше исфрлен од ФИФА и УЕФА по откривањето дека добил „нелегални исплати“ од 1.35 милиони фунти од поранешниот шеф на ФИФА, Сеп Блатер.
Франција го победи Бразил со 3:0 во 1998 за единствената светска титула, но Платини, кој беше селектор на својата репрезентација од 1988 до 1992 година, вели дека бил вклучен во „местенка“ да осигура Бразил да не им се падне до финалето.
ФИФА беше согласна домашната нација да добие одредено носителско место, додека другите седум носители се одредуваа со ждрепка, но Платини, кој беше координатор на организациониот комитет на СП во 1992 година, вели дека издејствувал промена.
„Кога го организиравме календарот, направивме мал трик. Ако завршевме први во групата, а и Бразил беше прв, не можевме да се сретнеме до финалето. Кога си на домашен терен, треба да уживаш во работите. И другите организатори го прават истото. Франција-Бразил во финалето, тоа беше сон за сите“, вели Платини во интервју за француското радио.
Финалето исто така беше контроверзно по теориите за заговор околу формата на Роналдо, кој прво беше повлечен од финалето, за во последен момент да биде вклучен во тимот. Тој имаше лош натпревар, а Франција победи со 3:0 со двата гола на Зинедин Зидан и еден на Емануел Пети.