Top Sport

Тото Волф: Ореолот му го спаси животот на Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, го коментирал инцидентот, што се случи на трката за Големата награда на Италија во Монца.

Во 26.круг од трката, Макс Ферстапен со својот болид слета на главата на Луис Хамилтон. Британецот, имаше голема среќа, неповреден излезе од болидот.

„Ореолот, дефинитивно му го саси животот на Хамилтон. Ова можеше да биде страшна несреќа, не можам да замислам што ќе се случепе да не беше ореолот“, рекол Волф.

Ореолот или „Хало“ како што се нарекува, во Формула 1 е воведен во 2018 година. На неговото воведување инсистираше првиот човек на ФИА, Жан Тод.

Против воведувањето на ореолот беа многу возачи, меѓутоа ореолот досега од посериозни повреди спаси неколку возачи, меѓу нив е и Роман Грожан, кој имаше страотна несреќа минатата сезона во Бахреин.

Scroll to Top