Младиот фудбалер на Ливерпул, Харви Елиот преку Инстаграм го бранеше Паскал Страјк, откако дефанзивецот на Лидс имаше остар старт оставајќи го тинејџерот со изместен скочен зглоб.
Инцидентот се случи во 58. минута на „Еланд роуд“, додека гостите водеа со 0:2, а Страјк стартуваше одзади, по што неговата лева нога го „заглави“ левиот скочен зглоб на Елиот, и по неколку секунди, Мохамед Салах сфати дека се работи за сериозна повреда.
Страјк доби црвен картон и беше осудуван од навивачите на социјалните мрежи, но Елиот вели дека тоа не негова вина.
„Во секој случај, тој не беше виновен. Ниту беше црвен картон, туку само чудна несреќа каква што се случува во фудбалот. Ќе се вратам 100 отсто посилен. Благодарам на цела поддршка“, напиша Елиот на Инстаграм.
Самиот Страјк веднаш се обрати на социјалните мрежи да искаже жалење за инцидетот и да му посака на Елиот целосно опоравување. Се верува дека Елиот би можел да се врати за шест месеци.