Кристијано Роналдо, во летниот преоден рок, се врати во Манчестер јунајтед. Португалецот, по две сезони, го напушти Јувентус. На дебито за Јунајтед, Роналдо постигна два гола.
Трансферот на Роналдо во Манчсетер јунајтед го шокираше фудбалскиот свет, бидејќи најавите беа дека тој ќе се пресели во синиот дел на Манчестер.
Истото го тврди еден од најпознатите шпански трансфер-инсајдери, новинарот Гилему Балагеу.
„Роналдо и неговиот менаџер Мендеш преговараа со Сити. Пеп Гаврдиола беше заинтересиран за трансферот. Му вети на Роналдо дека ќе постигна повеќе од 40 голови во сезоната. Јувентус ја прифатија понудата. Две години тие се обидуваа да го продадат, иако преку медиумите кои му се наклонети на клубот, секогаш ги демантираа тие информации“.
Новинарот открива како се случил пресвртот и како Роналдо неочекувано ја смени дестинацијата.
„Пред да го реализираат трансферот, Сити мораа да продадат барем еден фудбалер од нападот. Се појави Барселона на чело со претседателот Џоан Лапорта. Тие беа заинтересирани за Стерлинг, Габриел Жесус и Бернаро Силва. Бизнисот пропадна кога останаа без пари“, напишал Балагуе.
„Роналдо сакаше да оди во Сити, но имаше и резервен план. Се појави Манчестер јунајтед. Доби подобра понуда, поголема плата од она што му го понудија во Сити. Најпрвин Манчестер јунајтед не беа заинтересирани, но кога се појави таа опција, знаеја дека треба да реагираат. Без воодушевени што можат да го донесат за само 15 милиони евра, плус одредени бонуси“, информира шпанскиот новинар.