Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема инсистира дека „кралевите“ се апсолутно доминантниот тим во Лигата на шампионите и дека клубот никогаш не зависел од него ниту од било кој друг играч.
Реал го започнуваат европскиот пат на „Сан Сиро“ против италијанскиот шампион Милан и Бензема беше покрај Карло Анчелоти на прес-конференцијата.
„Реал Мадрид се силен тим, а јас сум тука само да помогнам на тимот со асистеции и голови. Не зависат од мене. Сите работат за победите, од дефанзивците до мене во нападот. Лигата на шампионите е наше натпреварување и секогаш одиме а трофеј. Ова е друг тим од ерата со Кристијано Роналдо и Герет Бејл, но одиме напред. Еден Азар и Винисиус се два големи фудбалери и со нив одиме на титула“, вели Бензема.