Top Sport

Мајк Цирбес се врати во Црвена звезда

Мајк Цирбес се врати во Црвена звезда. Германецот потпишал договор до крајот на годината.

Цирбес, изминатите три недели за да ја одржи формата, тренираше со првиот тим на Црвена звезда. Настапи и на турнирот во Минхен, кој го освои црвено-белиот тим.

Откако на Црвена звезда и пропадна трансферот ан Матијас Лесор, тренерот Дејан Радоњиќ, дал зелено светло клубот да го потпише Германецот.

Мајк Цирбес во два мандати го носел дресот на регионалниот шампион, од 2014 до 2016 година и во 2019 година.

Scroll to Top