Top Sport

„Меси, Нејмар, Мабапе? Да бидам искрен немав многу работа“

Голманот на Клуб Бриж, Симон Мињоле е задоволен од резултатот против ПСЖ, во првото коло во Лигата на шампионите. Белгискиот тим успеа да остане непоразен против ПСЖ, чии напад прв пат сезонава го предводеа Меси, Нејмар и Мабапе.

Натпреварот во Бриж заврши 1:1. Андер Ерера го постигна голот за ПСЖ, а Ванакен израмни. Според шансите поблиску до победата беа играчите на Бриж.

„Немав многу работа. Игравме добро, како колектив бевме добро организирани. Не им дозволивме да создадат многу шанси. Сите знаеме дека индивидуално се многу моќни. Поради тоа ги избегнувавме ситуациите еден на еден“, рекол Мињоле.

„Го браневме просторот, тоа го правевме тимски. Секако дека тие се одличен тим, но ќе повотрам, немав многу работа. Имав две или три одбрани кои не беа тешки“.

Бриж во наредното коло, на 28.септември ќе гостува во Лајпциг, а ПСЖ ќе го пречека Манчестер сити.

Scroll to Top