Португалската супер ѕвезда – Кристијано Роналдо по само 23 дена од вселувањето во новата куќа (вредна 6 милиони евра) во Манчестер, се преселил во двојно поефтина.
Британски „Сан“ пренесува информација дека иако Португалецот имал голем имот, во близина имало државно земјиште на кое секое утро имало стадо овци.
За него и неговото семејство блеењето на овците било проблем, па Роналдо со Георгина и децата се преселиле во куќата која е поранешна сопственост на екс-фудбалерот на Јунајтед, Енди Кол.
„Иако имотот е преубав и се наоѓа меѓу полиња и шума, во близината е стадо овци кои се многу бучни рано наутро. Тука има и јавна пешачка патека, како и пат од кој се овозможува поглед на неговата влезна врата. Роналдо е вистински професионалец на кого му е потребен квалитетен одмор, па заклучи дека најдобро е да се преселат“ информира доброупатен извор.
Во новиот дом на португалскиот ас има базен, кино сала и гаража во која може да собере 4 автомобили. Има безбедносни камери на целиот имот.