Десниот бек на Челси, Рис Џејмс објави видео на Инстаграм на кое се гледаат разбојници кои крадат во неговата куќа. Оттаму го однеле сефот во кој биле медалот (златен) од Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и среброто од ЕУРО 2020 со Англија.
Грабежот во неговата куќа се случил во четвртокот непосредно пред започнувањето на мечот на неговиот Челси против Зенит од првото коло во ЛШ, на кој сините славеа со 1-0.
„Ноќта на 14. септември додека играв меч од ЛШ група кукавици – крадци влегле во мојата куќа. Успеале да го украдат тешкиот сеф и да го сместат во автомобил. Во сефот имаше некои лични работи, накит, медалите од ЛШ, ЕУРО2020 и Суперкупот. Овие медали ги освоив претставувајќи го Челси и Англија, а тоа е чест која никогаш нема да може да ми биде одземена. Сепак, апелирам до сите свои навивачи да помогнат во идентификацијата на овие карактерно мали луѓе кои никогаш нема да бидат мирни затоа што се појавуваат се повеќе докази против нив. Полицијата, моите советници и Челси се зад мене – имам цврсти докази против крадците“ напиша Џејмс меѓудругото на социјалната мрежа.