Вест хем јунајтед стигна до рутинска 0:2 победа на „Максимир“, победувајќи го Динамо Загреб во првото коло од новата сезона во Лига Европа. Српскиот шампион, Црвена звезда, пак, имаше совршен старт со 2:1 победа над Брага, додека Лацио загуби во Истанбул од Галатасарај со 1:0.
Во Загреб, гостите стигнаа во водство во 22. минута, по катастрофалната грешка на одбраната на „модрите“, која ја казни Мајкл Антонио, за во 50. минута, фантастичниот Деклан Рајс со одлична акција да зголеми на 0:2.
На „Рајко Митиќ“ во Белград, пак, возбудата беше „згусната“ во последните петнесет минути од мечот. Звезда поведе преку Милан Родиќ во 75. минута од мечот, за веќе во следната минута Брага да намали преку Галено. До трите поени, Звезда стигна со гол од пенал во 85. минута, кога Александар Катаи беше сигурен од белата точка.
Лацио „капитулираше“ на „Турк Телеком“ против Галатасарај, откако Стракоша си постигна автогол во 67. минута од мечот, додека највозбудливо беше во Шпанија, каде што Реал Бетис стигна до 4:3 победа над Селтик.
ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Галатасарај – Лацио 1:0
Локомотив Москва – Марсеј 1:1
ГРУПА Ф
Митјланд – Лудогорец 1:1
Црвена звезда – Брага 2:1
ГРУПА Г
Баер Леверкузен – Ференцварош 2:1
Реал Бетис – Селтик 4:3
ГРУПА Х
Динамо Загреб – Вест хем 0:2
Рапид Виена – Генк 0:1
ДИНАМО ЗАГРЕБ – ВЕСТ ХЕМ
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БРАГА
ГАЛАТАСАРАЈ – ЛАЦИО
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ФЕРЕНЦВАРОШ