Хафтор Бјорнсон, поранешниот најсилен човек на светот и рекордер со кренати 501 килограм, кој стана позат преку својата улога во „Игри на тронови“, утре повторно ќе влезе во боксерски ринг, а противник ќе му биде Девон Ларат, познат како најсилниот Канаѓанец во туркање со раце.
Популарниот Тор и Ларат ќе влезат во рингот во Дубаи, каде што Исланѓанецот Тор ќе влезе со предност од речиси 10 сантиметри во височина, како доцна замена за стариот ривал Еди Хол, кој се повлече од мечот поради пукнат бицепс на тренинзи. Ларат исто како Тор е почетник во рингот – тој има два професионални меча – реми против Стивен Ворд во јануари и реми против Сајмон Валили во мај.
„Респект за Девон што се реши да влезе во рингот со мене и нема да го потценам. Тој прифати меч со само пет недели подготовки и не можам да го критикувам. Но, најверојатно ќе му го скршам носот, но тоа е дел од работата“, вели Тор.
Ларат, кој е поранешен војник, вели дека ќе се обложи за 5.000 долари дека Тор ќе заврши со скршен нос.
„Имам огромна почит кон боксот, но носот на Тор ќе отиде. Ако ми го скрши носот, ќе му дадам 500 долари, но ако му го скршам јас носот, сакам 5.000 од него“, вели Ларат.