Top Sport

Чурлинов со асистенција, Карлсруе со мега-гол го „потопи“ Шалке

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше асистенција за Шалке, но поранешниот германски шампион прими гол во финишот на мечот за да загуби од Карлсруе со 1:2 и да ја прекине позитивната низа во втората Бундеслига.

Кореецот Чои Кјуонг-Рок ја замолчи „Велтинс“ арената уште во првата минута, но напаѓачкиот фудбал на Шалке донесе израмнување во 15. минута преку Тероде, по одличниот пробив на Чурлинов. Шалке во 51. минута постигнаа уште еден гол, но тој беше поништен поради маргинален офсајд, пред во 72. минута мечот да добие поинаков тек по директниот црвен картон на Виктор Палсон за груб прекршок.

Марвин Ваницек донесе победа за Карлсруе во 88. минута со фантастичен гол од далечина. По седум меча, Шалке е само седми со 10 освоени поени, додека Карлсруе сега се трети.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top