Фудбалерите на Галатасарај ја освоија шампионската титула во турската Суперлига. Во последното коло, три екипи имаа шанси да ја освојат титулата, а на Галатасарај му беше потребен бод од гостувањето нај Гацтепе. Наместо бод Галата освои три, а стрелец против Гацтепе беше Гомис во 66.минута од пенал.
Галатасарај ја освои 21.титула во клупската историја, прва уште од сезоната 2014/2015 и наредната сезона ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Seyrantepe’de Galatasaray taraftarının coşkusu (@kimseyokken) pic.twitter.com/r2DpYqxoak
— Footbalista (@footbalista_) May 19, 2018
Во исто време, најголемиот ривал на Галатасарај, Фенербахче, со победата над Коњаспор 3-2, ја обезбеди втората позиција и место во квалификациите во Лигата на шампионите.
Стрелец на еден од двата гола за Коњаспор беше поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ. Јаховиќ така на најдобар начин ја комплетираше најдобрата сезона во кариерата. Тој во турската Суперлига оваа сезона постигна 19 гола и заврши на третото место на листата на најдобри стрелци зад Го ис и Јилмаз.
Бешикташ, не успеа да ја одбрани титулата, но заедно со Басакшехир избори директен пласман во групите за Лига Европа.
Во последното коло Бешикташ го декласира Сивас со 5-1, а Басакшехир со 3-2 славеше во дуелот со Касимпаша.