Top Sport

Челси го освои ФА купот (Видео)

Челси ја освои титулата во ФА купот. Екипата на Антонио Конте, во финалето, го совлада Манчестер јунајтед со 1-0 (1-0). Интересно ова првиот Куп трофеј што Антонио Конте го освои во својата тренерска кариера.

„Сините“ и „црвените ѓволи“ одиграа просечен натпревар, во кој Челси искористи една од своите три шанси. Веројатно ваѓноста на натпреварот ги натера менаџерите дефанзивно да ги постават своите тимови, а во таква ситуација подобро се снајдоа „сините“.

Азар ја имаше првата шанса на мечот, меѓутоа неговиот удар во поблискиот агол, Де Хеа успеа да го одбрани во 11.минута.

Периодот на подобра игра, Челси го материјализираше во 23.минута. Повоторно Азар беше во главата улога. Белгиецот прими една длабинска топка од Фабрегас, успеа да се ослободи од Џонс, тргна кон голот на Де Хеа, а кога влезе во шеснаесетникот и се подготвуваше за удар, беше соборен од Џонс.

Азар ја презеде одговорноста, го испрати Де Хеа на едната, а ртопката на другата страна и му донесе предност на својот тим.

Манчестер јунајтед во второто полувреме тргна по изрмнување, но ретко го пробиваше дефанзивниот блок на Челси. Во 58.минута судиите, поради офсајд, го поништија голот на Алекси Санчез.

Челси можеше да го реши мечот во 71.минута, меѓутоа „мртва шанса“ не реалзиира Маркос Алонсо. Во истата акција потоа Јанг играше со рака, но судијата Оливер не досуди уште еден пенал за Челси.

Во наредната минута, Јунајтед ја имаше најдобрата шанса. Рашфор имаше ситуација „еден на еден“ со Куртоа, но биеше во голманот.

До крајот се обиде и Матиќ од далечина во 82.минута, но и тој удар го скроти Куртоа.

Scroll to Top