Top Sport

Мојс: Лингард сакаше во Вест хем, но Солскјер го блокираше

Оле Гунар Солскјер не дозволил Џеси Лингард да продолжи со Вест хем и оваа сезона, открива менаџерот на „чеканите“, Дејвид Мојс.

Англискиот репрезентативец минатиот јануари пристигна во источен Лондон и имаше импресивна половина сезона помагајќи за висок пласман на Вест хем, и шпекулациите велеа дека ќе биде продаден пред последната година од неговиот договор. Мојс вели дека немало вистинска понуда од Вест хем бидејќи Солскјер јасно ставил на знаење дека ќе го блокира ваквиот договор.

„Не, Џеси не го одби Вест хем. Оле јасно ни порача на стартот на преодниот рок дека сака да го заддржи. Веднаш знаевме дека тој останува во Манчестер јунајтед“, вели Мојс.

Лингард може да добие шанса да игра против Вест хем веќе утре, кога „ѓаволите“ гостуваат во Лондон.

Scroll to Top