Top Sport

Реал, Барса и Атлетик работат против интересите на другите шпански клубови

Шпанската Ла лига ги обвини Барселона, Реал Мадрид и Атлетик Билбао дека се обидуваат да го спречат растот на другите шпански клубови откако се спротиставија на медиумскиот договор со „ЦВЦ капитал партнерс“.

Шпанската лига се согласи да продаде 10 отсто од бизнисот на американскиот инвестициски фонд во август, и иако тој беше одобрен од извршниот комитет, 38 од 42 клубови во првите две лиги го ратификуваа договорот.

Барса, Реал и Атлетик, заедно со второлигашот Реал Овиедо беа против договорот, со што инвестицијата падна од 2.7 на 2.1 милијарди евра. Овие пари ќе бидат споделени меѓу тие 38 клубови, но и Овиедо, кои се предомислија.

„Изненадувачки е што тие се спротиставуваат на нешто што не влијае на нив. Клубовите ќе имаат само профит од растот на Ла лига. Тие три клубови се обидуваат да спречат раст на другите клубови во Лигата. Реал Мадрид речиси секогаш е против обидите на Ла лига за раст на лигата, но ние ќе продолжиме да ги штитиме интересите на мнозинството клубови“, велат од Ла лига.

Барса, Реал и Атлетик објавија заедичко соопштение во кое објавија дека ќе се борат против договорот. Парите клубовите ќе ги добијат како заем, и мораат барем 70 отсто од нив да ги инвестираат во долгорочен развој. „ЦВЦ“ пак ќе добива 10 отсто од приходите на лигата во следните 50 години, вклучувајќи ги парите од ТВ-правата, но сега без удделот на Барса, Мадрид и Билбао.

Scroll to Top