Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт го освоија Купот на Германија. Во финалниот меч Ајнтрахт го победи големиот фаворит Баерн со 3-1. Херој на Ајнтрахт е хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ кој постигна два гола.
Баерн не успеа да ја освои двојната круна, го загуби финалето од тимот што го предводеше нивниот иден тренер Нико Ковач.
Поранешниот селектор на Хрватска на Ајнтрахт му го донесе петтиот трофеј во Купот, во историјата на клубот.
Младиот Хрват, Ребиќ, го отвори резултатот во 11.минута, а откако Левандовски израмни во 53., тој со својот втор гол во 82.минута, му донсе нова предност на својот тим. Точка на натпреварот стави српскиот репрезентативец Гачиновиќ во 96.минута.