Јулијан Нагелсман е несомнено еден од најдобриот млади тренери на светот, кој сега добива шанса во големиот Баерн Минхен, и тренерот смета дека е потребно да се воведат необични иновации во спортот инспириран од американската НФЛ лига.
Нагелсман сака неговите фудбалери да имаат слушалки како што имаат играчите на позиција на квотербек во НФЛ лигата, за тој да може подобро да комуницира и да ги предава своите идеи. По средбата со тренерот на Канзас Сити чифс, Енди Реид, Нагелсман вели дека НФЛ во однос на технологијата е далеку пред фудбалот.
„Со еде збор – квотербекот го слуша тренерот на теренот. Би можеле да имаме огромна инспирација од НФЛ, бидејќи фудбалот е премногу традиционален и конзервативен. Мислам дека пропуштаме шанси да го направиме спортот поприкладен за иднината“, смета Нагелсман.
Во сегашниот модерен фудбал, судиите имаат слушалки и микрофон со кој комуницираат еден со друг и со ВАР-собата.