Кошаркарот на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, на свечената церемонија одржана вечерва во Белград, ја доби МВП наградата, за најкорисен играч во Евролигата оваа сезона. Словенецот испиша историја бидејќи стана најмладиот добитник на оваа престижна награда.
На свеченоста во „Палата Србија“, во присуство на голем број на гости, активни и поранешни кошаркари, тренери и поранешни освојувачи на ова признание, на Дончиќ признанието му го врачи Тео Папалукас, кој поранешен двоен добитник на МВП признанието.
„Им благодарам на сите навивачи и тренери што го дадоа својот глас за мене. Најважно е да се забавувате на теренот и секако напорно да работите“, рече Дончиќ.
19-годишниот играч на Реал на 32 одирани натпревари оваа сеозна за Реал имаше просечен индекс на успешност 21,7.
Инаку, Дончиќ ја доби и наградата „Ѕвезда во подем“, која му се доделува на најдбриот млад кошаркар, а истот така е избран и во најдобрата петорка за оваа сезона.
Во првата петорка покрај Дончиќ се и Ник Калатес (Панатинаикос), Нандо Де Коло (ЦСКА), Торнике Шенгелија (Басконија) и Јан Весели (Фенербахче).
Дончиќ со Реал, утре од 20 часот, против Фенербахче ќе се бори за титулата во Евролигата.